Конечно го добивме нашиот прв поглед на претстојната видео игра на Индијана Џонс што ја развива шведската MachineGames под креативната визија на Тод Хауард.
Видео играта ќе се вика Indiana Jones and the Great Circle, а ќе се игра од перспектива на прво лице.
Тоа ќе биде авантура која ќе ги комбинира класичните функции на серијата „Индијана Џонс“ – истражување на гробници, прикрадување и по потреба камшикување нацисти. Иако поголемиот дел од дејството ќе се набљудува од прво лице, некои делови, како што е искачувањето, ќе се изведуваат со вклучена камера на трето лице.
Индијана Џонс во оваа игра ќе изгледа како во филмовите, но ќе звучи поинаку бидејќи ќе го игра познатиот актер Трој Бејкер.
Играта ќе ја следи оригиналната приказна сместена помеѓу филмовите „Raiders of the Lost Ark“ и „The Last Crusade“. Годината е 1937 година, а главниот лик ќе патува од Ватикан, преку Египет до Хималаите, за да ги спречи нацистите да ја добијат античката моќ на големиот круг.
Indiana Jones and the Great Circle е во развој за компјутер и Xbox Series X/S, а треба да излезе во 2024 година.