Иран успешно го лансираше својот сателит Сораја во орбитата, 750 километри над површината на земјата, користејќи ракета од три фази, објави денеска државната новинска агенција ИРНА.
Лансирањето беше дел од вселенската програма на Иранската револуционерна гарда, како цивилна вселенска програма на Иран, според АП, додавајќи дека нема независна потврда дека сателитот бил успешно лансиран во орбитата.
Западот стравува дека развојот на ракети за лансирање сателити би можел, според извештајот на американската разузнавачка заедница за глобалните закани во 2023 година, „да го скрати времето“ што му е потребно на Иран да развие интерконтинентална балистичка ракета, бидејќи користи слична технологија.
Соединетите Американски Држави претходно оценија дека лансирањето на иранскиот сателит е спротивно на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации и го повикаа Техеран да не презема никакви активности кои вклучуваат балистички ракети способни да испорачуваат нуклеарно оружје.
Санкциите на ОН поврзани со иранската програма за балистички проектили истекоа во октомври минатата година.
Поврзани артикли