Популарната видео игра за мобилни уреди базирана на подемот на Ким Кардашијан наскоро ќе престане да постои.
Видео играта „Kim Kardashian: Hollywood“ се појави во 2014 година, а за само неколку месеци заработи 700.000 долари.
Кардашијан ја лансираше играта со цел да заработи дополнителни пари на нејзиниот имиџ, а играчите би можеле да ја следат од нејзините почетоци до каде што е денес. Покрај Ким, во играта се вклучени и други членови на семејството Кардашијан.
Во него, играчите можат да ја прошират својата база на фанови, да стекнат пари и искуство со извршување на многу задачи како што се учество на модни ревии, клупски настапи, состаноци и преземање на актерски работи.
Во една неодамнешна објава на корисничкиот форум, дивелоперот „Glu Mobile“ напиша дека видео играта ќе биде прекината. Корисниците беа информирани со порака дека играта „повеќе не нуди купувања во апликација и исто така е отстранета од продавниците за апликации“, објави „Унилад“.
Оние кои веќе ја имаат инсталирано играта (која е бесплатна, но има купувања во апликација) може да продолжат да ја играат до 8 април 2024 година, по што ќе стане недостапна за сите бидејќи серверите ќе се исклучат.
Самата видео игра е преземена околу 45 милиони пати од 2016 година, со што се генерираат вкупно 160 милиони долари приход.
Поврзани артикли