Со свечено отворање декември 2023, Нептун Македонија претстави две продавници со комплетно нов изглед.

Едната во главниот град Скопје, адреса: Перо Наков бр. 108 – Ретаил Парк ГОДИ, Гази Баба; другиот објект во градот Охрид, иста локација ул.„15-ти Корпус“,бр.45А со нов премиум изглед. Присуствуваа стотици заинтересирани граѓани, професионалци, претставници од компаниите и од брендовите во Нептун, како и следбеници на најновите трендови, дојдени да уживаат во новата технолошката оаза блиску до нив. Ги пречека широк асортиман на производи, докажана услуга, поволни цени, одлични услови за плаќање, но и супер забава со ДЈ, изненадувања, попусти до 50%, подароци, ексклузивни понуди, ДВОЈНО повеќе поени на haPPy картичката и бројни други поволности.

Целиот тим е возбуден и ангажиран околу новите, врвни локации на Нептун, кои ќе донесат разноликост на понудата, но ќе биде и своевидна атракција за технолошките ентузијасти и фанови. Посебна приказна е внатрешноста на продавниците, подобра видливост на производите, збогатено портфолио, обучен и професионален персонал, концепт кој овозможува привлечно, лесно и софистицирано шопинг искуство.

Благодарение на овие нови продавници, сцената за популарната бела техника и електроника станува сè побогата, а Нептун Македонија како лидер во нови технологии, ќе продолжи и во 2024 година континуирано да инвестира во иновации, унапредувања и подобрувања на решенијата и услугите за своите потрошувачи.

Ретаил Парк ГОДИ, Скопје

Охрид