Платформата за игри Steam повеќе нема да поддржува некои постари верзии на Windows и MacOS платформите.

Од почетокот на 2024 година, како што беше претходно најавено, Steam ќе ја загуби официјалната поддршка за верзиите на оперативните системи Windows 7, Windows 8 и Windows 8.1.

Според анкетите, повеќе од 95 проценти (95,57%) од анкетираните корисници на Steam имаат инсталирани верзии на Windows 10 и 11 на оперативниот систем.

Речиси два отсто од останатите корисници се на Linux, додека 1,5 отсто од нив користат Mac. Ова значи дека помалку од еден процент користат постари верзии на Windows (статистичките податоци за ноември 2023 година покажуваат дека само 0,22%).

Што се однесува до macOS, од 15 февруари, верзиите macOS 10.13 и 10.14 повеќе нема да бидат поддржани.