TikTok сака да се врати на огромниот пазар во Азија.

Кинеската компанија TikTok ќе инвестира 1,39 милијарди евра во развојот на индонезиската платформа за онлајн тргување GoTo Gojek Tokopedia, со цел да се врати на најголемиот пазар во Југоисточна Азија.

TikTok ќе купи 75 отсто од платформата GoTo Gojek Tokopedia за 780 милиони евра, а трансакцијата ќе биде склучена до првиот квартал на 2024 година, пренесува CNN.

Регулаторите во Индонезија го забранија купувањето преку интернет на платформите на социјалните медиуми во октомври за да ги заштитат помалите трговци и податоците на корисниците во земјата, принудувајќи го TikTok да ја затвори својата онлајн продавница.

Индонезија има повеќе од 270 милиони жители, а 124 милиони граѓани на таа земја ја користат социјалната мрежа TikTok.

Компанија од Кина сака да ја искористи големата корисничка база на TikTok во Индонезија за онлајн трговија.