Откако трејлерот за GTA VI предизвика големо внимание, природно почнаа да се развиваат разни теории за тоа како да се „исцеди“ што повеќе значење од него.
Затоа, многу фанови почнаа да шпекулираат дека трејлерот всушност треба да се гледа наназад, бидејќи тоа е најдобриот начин да се разбере приказната за Лусија, еден од ликовите.
Да потсетиме, клипот започнува така што еден од двата главни лика (најверојатно Лусија) ја прашуваат дали знае зошто е во затвор, на што таа одговара: „Веројатно немам среќа“.
После тоа, ги гледаме Vice City, како и Лусија и Џејсон во цутот на нивните криминални походи.
Корисник на Редит го објави ова видео, но наназад, па завршува со Лусија во затвор.
Меѓутоа, кога се комбинира со друга теорија, добиваме дека Џејсон е всушност полицаец и дека тој е причината поради која Лусија била уапсена.
Не постои начин да се знае дали ова е вистина, но не изгледа невозможно. Сè на сè, можеби следниот трејлер (закажан за средината на 2024 година) ќе ни даде малку повеќе информации.