Конзолата Nintendo Switch наскоро би можела да го добие својот наследник или наследници.
Се ближи моментот кога навистина би можеле да добиеме повеќе детали за следната конзола Nintendo Switch, а соодветно на тоа имаме сè поголем број гласини за новиот модел.
Сè уште нема конкретни детали за датумот на објавување, но различни извори укажуваат дека може да го очекуваме Switch некаде следната година (или за неколку месеци или во втората половина од годината).
Нагласено е дека новиот Switch, според хардверските карактеристики, треба да им конкурира на PlayStation 4 и на следната генерација на Xbox конзоли. Тоа е и очекувано, бидејќи Nintendo никогаш не се фокусирал на хардверот туку на забавата на игрите што доаѓаат со Switch.
Изворите сугерираат дека Nintendo подготвува две верзии на новата конзола. Така, стандардниот модел ќе биде поевтин и ќе има LCD екран, додека ќе има и премиум модел со OLED екран.
Наводно, Nintendo се договорил со компанијата Sharp за производство на LCD екрани, а сега во приказната влезе и Samsung кој треба да обезбеди OLED дисплеи.
Нема официјална потврда од јапонската компанија за овие наводи, но бидејќи сегашниот Switch беше лансиран уште во 2017 година, јасно е дека најавата за нов модел Switch е се поблиску.