Американскиот технолошки гигант Гугл ги објави податоците во кои е наведено што најмногу се гуглало во 2023 година, а корисниците барале се – од поп-култура до смрт на познати луѓе ширум светот, но кога станува збор за конфликти, најголем интерес бил изразен за војната меѓу Израел и Хамас.
Подморницата што експлодираше во Атлантикот на пат кон Титаник, како и разорните земјотреси во Турција и Сирија во февруари, исто така беа широко пребарувани, пренесе АП.
Кога станува збор за личности, корисниците најмногу бараа информации за Дамар Хамлин, американскиот фудбалер на клубот Бафало Билс, откако во јануари доживеа срцев удар на теренот, но успеа да се опорави.
Исто така, беа пребарувани и починатите познати личности Метју Пери и Тина Тарнер.
Кога станува збор за седмата уметност, најмногу се бараа податоците за филмот „Барби“.