Apple неодамна ги потврди своите планови да овозможи RCS поддршка за iPhone во текот на 2024 година. Дознавме и каква боја ќе имаат меурчињата во тие RCS пораки.
RCS (Rich Communication Services) ќе имплементира голем број функции во стилот на iMessage за размена на текстуални пораки помеѓу корисниците на Android и iPhone.
Тие вклучуваат известувања за читање пораки, индикатори за пишување и фотографии и видеа со повисок квалитет.
Една од работите што нема да се смени е бојата на говорните меури во кои се напишани пораките.
Apple confirmed messages from Android RCS texts will still be green bubbles
via @9to5mac pic.twitter.com/bCbU4oBRiv
— Dexerto (@Dexerto) November 17, 2023
Apple потврди за 9to5mac дека сините меурчиња ќе продолжат да се користат за обележување на пораките на iMessage, додека зелените ќе претставуваат RCS пораки.
Зелените наспроти сините меурчиња станаа вистинска културна дебата во последниве години. Google и Samsung ги нагласија боите на меурчиња во нивните кампањи, критикувајќи го Apple дека не поддржува RCS.
Но, тоа ќе се промени од следната година.