CD Project Red објави дека Cyberpunk 2077: Ultimate Edition доаѓа за играчите на 5 декември.
Ова издание е слично на верзијата Complete Edition, така што играчите имаат пристап до експанзијата Phantom Liberty и главната игра одеднаш. Ultimate Edition ќе биде објавено за PlayStation 5, Xbox Series X, S, како и за компјутер.
Ultimate Edition нема да биде објавено за PlayStation 4 или Xbox One, бидејќи ниту Phantom Liberty не е објавен за овие конзоли.
Се разбира, ќе бидат вклучени сите претходни ажурирања на Cyberpunk 2077, а развивачот продаде вкупно 25 милиони копии од видео играта до октомври оваа година.
Phantom Liberty, да потсетиме, пристигна на 26 септември, набргу откако „ги удри своите темели“ во Update 2.0.