Музичката апликација Spotify вчера ги сподели резултатите на своите корисници и даде увид во најслушаните изведувачи и песни во 2023 година.
Листата на најпуштани песни се состои од 50 хитови, а некои од нив дури се пласираа и на Билборд листата во изминатите 12 месеци.
Хитот на Мајли Сајрус „Flowers“ беше најстримуваната песна во светот, со повеќе од 1,6 милијарди стримови ширум светот. Песната излезе во јануари оваа година, а зборува за самољубието, внатрешната сила и самодовербата.
Најмногу слушан изведувач во 2023 година беше Тејлор Свифт со повеќе од 26,1 милијарди глобални преноси од 1 јануари.
Оваа информација не изненадува, бидејќи светската ѕвезда годинава стана милијардерка благодарение на нејзината турнеја „Ерас“.
Кога станува збор за албумите, повеќето од нив се објавени пред 2023 година.
Најмногу стримуван албум на годината беше „Un Verano Sin Ti“ од Bad Bunny, со повеќе од 4,5 милијарди стримови на глобално ниво.