Кина гради огромни центри за податоци под вода, со кои планира да заштеди 122 милиони киловат часови електрична енергија и речиси 10 фудбалски игралишта земја.
Подводните центри за податоци (дата центри) не се нови – Мајкрософт ги постави во длабочините на океанот уште во 2014 година со својот систем Project Natick. Сега Кина започна со изградба на најголемиот светски комерцијален подводен центар за податоци, во близина на брегот на градот Санја.
The world's first commercial underwater data center (UDC) is gearing up for its finale of the first phase by placing a sealed watertight cabin on the seabed off the shores of Lingshui Li Autonomous County in south China's Hainan Province on Friday. @ThisisHainanGov pic.twitter.com/iPrVZc9cwT
— ShanghaiEye🚀official (@ShanghaiEye) November 27, 2023
Секој од елементите на центарот за податоци, наводно, може да обработи над четири милиони фотографии со висока резолуција за 30 секунди, што ги претставува проценетите перформанси на околу 60.000 стандардни десктоп компјутерски системи кои работат заедно.
Планот е да се вградат 100 водоотпорни елементи на центарот за податоци во рамката на споменатиот подводен систем, а се проценува дека ќе можат да обработуваат 400 милиони HD фотографии во секунда, со моќност од шест милиони компјутерски уреди.
Секој од центрите за податоци е огромен: со големина до 68.000 квадратни метри, што е еквивалент на околу 10 фудбалски игралишта. Ќе бидат потребни околу три часа за да се премести секој центар за податоци на 35 метри под површината на океанот.
Кина планира да заштеди 122 милиони киловат часови електрична енергија и повеќе од 105.000 тони свежа вода со овој систем. Причината е што ладната солена вода ќе може да ги одржува ладни чиповите на центарот за податоци.
Со центрите за податоци ќе управува Beijing Sinnet, водечки снабдувач на дата центри и cloud услуги во Кина. Целиот проект чини околу 879 милиони долари.
Поврзани артикли