Позната компанија за производство на гејминг периферни уреди создаде интересен концепт на тастатура и глушец, кој е целосно функционален.
Alienware одлучи да создаде два од своите периферни уреди, механичката тастатура Alienware AW420K и гејмерскиот глушец AW720M, во верзии кои се 14 пати поголеми од оригиналите.
На овој начин е создадена најголемата механичка тастатура на светот, долга преку пет метри и има спејс бар со големина на човекот.
На 3Д печатењето на space тастерот, наводно, биле потребни три дена, а секој механички тастер морал да се креира и прилагоди рачно.
Alienware се здружи со Team Liquid на овој проект и им дозволи да играат игра на DOTA со оваа претерана опрема. Се бараше целиот тим да се вклучи за да може да контролира еден лик.
Глувчето е исто така целосно функционално, со големи механички прекинувачи и тркало за лизгање. Иако се истакнува дека е потребно многу труд за да се помести скролот.
Механичката тастатура Alienware AW420K ги користи испробаните и добро познати прекинувачи Cherry MX, но во сооднос 14:1, а за нејзиното создавање се користени ПВЦ, гума и метал. И сето тоа е направено за сите 84 тастери.