По успехот на филмот за Super Mario (The Super Mario Bros. Movie), Nintendo сега планира да создаде филм базиран на играта The Legend of Zelda.
Nintendo не планира да запре кога се во прашање експериментите на компанијата во филмскиот сегмент. Компанијата потврди дека работи на акциона адаптација на играта The Legend of Zelda.
Филмот ќе го режира Вес Бол, кој е најпознат по трилогијата Maze Runner и претстојниот филм Kingdom of the Planet of the Apes. Продуцент ќе биде Шигеру Мијамото, креаторот на Zelda, како и Ави Арад.
Нема многу детали за самиот филм, но Nintendo истакнува дека ќе биде кофинансиран од Sony.
Порано имаше извештаи дека Nintendo работи на ТВ серија од универзумот на Zelda, но тој проект никогаш не започна.