И покрај промените што се имплементирани, двете апликации сè уште се тесно поврзани.
Meta продолжува полека да одвојува некои елементи од своите услуги Thredas и Instagram. Корисниците на Threads сега конечно можат да го избришат својот нлог на апликацијата без истовремено да го избришат својот Инстаграм.
Ова го соопшти Адам Мосери, раководител на Threads. Корисниците можат да го отстранат својот профил од апликацијата Threads со одење во Settings -> Account -> Delete or deactivate profile.
Корисниците ја бараат споменатата промена уште од објавувањето на услугата Threads, а многумина беа фрустрирани од фактот што бришењето на профилот на Threads резултираше и со бришење на сметката на Instagram.
Покрај ова, Meta најави уште една промена во рамката за поставки. Корисниците на Threads сега можат да ја исклучат опцијата за промовирање на нивните објави на главните feed страници на Instagram и Facebook.
И покрај гореспоменатите промени, Instagram и Threads сè уште се тесно поврзани. Потребна е сметка на Instagram за да се приклучи на Threads, додека единствената опција за пораки на апликацијата се потпира на сандачето на Instagram. Threads исто така повлекува препораки и други функции од Instagram.
Сепак, не се очекува Meta целосно да ги раздвои двете платформи, но се очекува Threads да стане понезависна.
Поврзани артикли