Ако некогаш седите во кафуле и вашиот iPhone или Android одеднаш „полудат“ и почнат да се појавуваат скокачки прозорци, виновникот може да биде мал уред налик на USB стик.
Станува збор за уред наречен „Flipper Zero“, кој се користи за хакирање и е опишан како „мултифункционален“. На официјалната веб-страница пишува, на пример, дека може да се користи како далечински клуч.
Сепак, Flipper Zero се користеше за други дејства, повеќе малигни од далечинскиот управувач – неговата употреба се движи од менување ТВ канали на јавни места, до клонирање на клучеви од хотели или отворање на автоматски врати од гаражата, пренесува Ars Technica. Сега, може да се користи за да се плеткаме и со iPhone и Android уредите.
„Вашиот телефон станува речиси неупотреблив. На секои неколку минути можете да направите нешто, но дури и како безбедносен истражувач кој слушнал за овој напад, тешко е да се разбере што се случува“, рече Јероен ван дер Хам, експерт за технологија, кој во воз на неговиот iPhone доживеал напад при користење на овој уред, кога патник испратил барања за поврзување до сите телефони во близина.
We have a limited batch of Transparent Flipper Zero. What should we do with it? 🤔
Please respond to this tweet if you are really want it. We need to measure the demand 📊 pic.twitter.com/T4rFH2tXYs
— Flipper Zero (@flipper_zero) October 1, 2023
Единствениот можен противотров за ова, како што е соопштено од Tech Crunch, би можело да биде исклучувањето на Bluetooth, што го користи Flipper Zero за поврзување со уредот, но тоа е тешко да се направи со сите тие скокачки прозорци. За Android кои се цел на напади, можете да ја најдете и опцијата „Nearby share“ и потоа да ја исклучите.
Поврзани артикли