Новиот iPhone 15 Pro не ги добива најдобрите оценки од корисниците.
Веб-страницата за прегледување PerfectRec анализираше 690.000 прегледи на корисници и откри дека раните прегледи на потрошувачите биле полоши од минатогодишната линија на iPhone 14. Студијата покажа дека 73 отсто од корисниците му дале на iPhone 15 Pro оцена со пет ѕвездички.
На прв поглед оваа бројка изгледа добро. Но, кога ќе се спореди со некои минати Pro модели и како тие поминаа кај корисниците, оваа бројка претставува пад. Така, iPhone 14 Pro собра 76 отсто, а iPhone 13 Pro 83 отсто од оценките со пет ѕвездички. Значи, тоа е прилично пад за само неколку години.
Врз основа на податоците, 15 Pro има најмалку прегледи со пет ѕвезди од кој било Pro модел што Apple некогаш го има произведено. Сепак, од позитивната страна, основниот модел и Plus забележаа зголемување на оценките со пет ѕвезди во споредба со претходната генерација.
Но, постојат некои причини зошто iPhone 15 Pro можеби нема да биде толку популарен како претходните модели Pro. Како што веќе пишувавме, новиот телефон имаше проблеми со прегревање, иако ажурирањето на iOS го реши тој проблем.
Како што пишува Mashable, некои корисници истакнале дека имале проблем со „burn-in“ на OLED екранот на iPhone. Сето тоа лесно можеше да влијае на првичниот рејтинг на овогодинешниот Pro модел. Се разбира, 73 проценти од корисниците сè уште го сакаат својот нов iPhone 15 Pro.
Во наредните месеци, како и со дополнителните надградби за iOS на Apple, сосема е можно овој рејтинг да се подобри.