Тој го критикуваше воведувањето на претплатата Twitter Blue, која изнесува осум долари месечно и од која Твитер, според некои проценки, пристојно заработува.

Иако еден од основачите на Твитер, Џек Дорси повеќе не е дел од таа социјална мрежа (но сепак поседува одреден број акции), будно следи што се случува таму. А сега јавно, јасно и гласно кажа што мисли за Твитер под водство на Маск.

Да потсетиме дека Дорси беше гласен поддржувач на преземањето на Твитер од Маск, па во периодот кога се преговараше за преземање, тој истакна дека Маск може да биде токму она што му треба на Твитер. Но, тоа беше пред една година.

Сега, изгледа, се предомислил. Во серија објави на неговата алтернатива на Твитер, Bluesky Social, Дорси го критикуваше Маск и неговиот начин на водење на Твитер. Во една од објавите тој јасно напиша дека Маск „требал да се повлече од купувањето на Твитер“.

Тој им порача на своите следбеници дека не верува дека Маск е „вистинската личност да ја води компанијата“ и дека сè „отиде по ѓаволите“ откако Маск го купи Твитер.

„Мислам дека дури и не реагираше добро откако сфати дека неговиот тајминг е лош. Ниту, пак, мислам дека одборот требаше да ја турка продажбата. Се отиде по ѓаволите“, напиша тој.

„Но, тоа се случи и единственото нешто што можеме да направиме е да изградиме нешто за да спречиме вакво нешто да се повтори“, напиша Дорси.

Тој го критикуваше воведувањето на претплатата Twitter Blue, која изнесува осум долари месечно и од која Твитер, според некои проценки, пристојно заработува.

„Да плаќаш за да докажеш дека си човек е стапица и јас не сум за тоа. Таквиот систем исклучува милиони, ако не и милијарди луѓе“, напиша Дорси.

Тој додаде дека Маск требало да плати отштета од милијарда долари и да се откаже од Твитер.