Моментално најпопуларниот јутјубер во светот, Џими Доналдсон или MrBeast, за неколку дена успеа да ја надмине „округлата“ граница од 200 милиони претплатници и да стави уште едно видео меѓу рекордите.
Од минатата година, најследениот јутјубер во светот, Џими Доналдсон, попознат како MrBeast, продолжи да го акумулира бројот на претплатници на својот канал. Кога во ноември минатата година официјално го престигна Феликс Кјелберг, познат по прекарот PewDiePie, имаше повеќе од 111 милиони претплатници.
Помалку од една година подоцна, 25-годишната ѕвезда на YouTube ја проби новата „магична“ граница – од 15 октомври неговиот канал има повеќе од 200 милиони претплатници.
We hit 200,000,000 subscribers!
If you traveled back in time and showed this screenshot to me when I was 13, there is 0 shot he’d believe it’s real haha 🥺❤️This is just the beginning though, I still have decades left in the tank 😈 pic.twitter.com/xnITlyYJ5q
— MrBeast (@MrBeast) October 15, 2023
Недопирливиот крал на YouTube
Тоа е најголемото достигнување на приватен канал во историјата, надминато само од легендарниот индиски музички канал T-Series со 251 милион претплатници. Каналот на MrBeast започна во февруари 2012 година, кога тој имаше само 13 години, а во последните неколку години стекна светска слава преку различни предизвици, споделување пари и други атрактивни содржини, во кои инвестира милиони долари.
Сигурно му се враќаат преку спонзорски договори, разни франшизи (ресторан за брза храна и линија за бонбони, на пример, исто така му носат пари), а Доналдсон има многу интересна деловна стратегија – огромен дел од заработените пари ги дели на победниците на неговите предизвици, или едноставно го троши на новата продукција.
Покрај рекордот по број на следбеници, видеото објавено неодамна му донесе уште еден рекорд. Видеото кое покажува како изгледаат куќите вредни од еден долар се до повеќе од 100 милиони долари, во првите 24 часа е прегледано повеќе од 60 милиони пати. Тоа е нов рекорд за немузичко видео на YouTube, а претходниот рекорд го држеше – погодувате – исто така MrBeast, со видео за преживување на сплав објавено во август.
На крајот на минатата година, Форбс ја процени нето вредноста на Доналдсон на околу 500 милиони долари, што ги вклучува неговиот канал, студио, бренд и сите франшизи. Во тоа време, се проценуваше дека тој лесно може да стане првиот милијардер на YouTube наскоро, ако, на пример, реши да продаде малцински удел во својата компанија.
Минатата есен, самиот MrBeast изјави дека одбил понуда за преземање од милијарда долари за целата негова видео империја.