Програмерите на видео играта Cities: Skylines 2 неодамна ги предупредија играчите дека ќе ја пуштат иако не успеаја да ја оптимизираат како што сакаа. Ова, се чини, беше лош потег.
Cities Skylines 2 running at 8 FPS on a 5.8 GHz Core i9-13900KS + 32 GB DDR5-7600 MT/s + RX 7900 XTX OC system at 4K High settings. I just don’t know what to say anymore. I feel like we’ve reached rock bottom in terms of terrible PC game releases.
Source: https://t.co/lrVygUEdnA pic.twitter.com/zdlpk3ssTr
— Sebastian Castellanos (@Sebasti66855537) October 21, 2023
Според тестот објавен на YouTube, Cities: Skylines 2 просечно се движи во 8-15 фрејмови во секунда.
Ова е на „High“ подесувања и 4K резолуција, со хардвер за кој би платиле две илјади евра.
Поточно, тој беше тестиран на конфигурација на компјутер што содржи процесор Intel Core i9-13900KS, AMD Radeon RX 7900 XTX OC графика и 32 GB DDR5-7600 меморија.
Ова е оригиналната 4K резолуција и исто така треба да се спомене дека AMD и Nvidia не објавија оптимизирани драјвери за Cities: Skylines 2, но со оваа почетна изведба, тешко е да се очекуваат некои големи чуда без интервенција на самите програмери.
Поврзани артикли