И покрај бомбастичните најави, многумина на социјалните мрежи веќе имаат негативни коментари за играта која излезе неодамна.
New King Kong game looks like game of the year material pic.twitter.com/TXuZYQ53EL
— Rick (@RickDaSquirrel) October 16, 2023
Видео играта Skull Island: Rise of Kong е стара многу малку, а веќе се нарекува „најлошата игра за 2023 година“.
Actual cutscene
DO NOT BUY THE NEW KING KONG GAME. IT IS A COMPLETE SCAM pic.twitter.com/6hiCWOSnNc
— Rick (@RickDaSquirrel) October 16, 2023
Зад оваа титула стои чилеанското студио IguanaBee, во чие портфолио се и G.I. Joe: Operation Blackout и Headsnatchers, објавено од GameMill Entertainment.
“Gameplay” of Skull Island: Rise of Kong.
This costs 40 dollars and is made by people that make low effort shovelware with big IP franchises.
The modern LJN pic.twitter.com/YjHqOeoosr
— King Kong Perfect Shots (@KongShots) October 16, 2023
Најавувајќи ја играта, GameMill ја опиша како „возбудлива акциона-авантуристичка игра за трето лице која ве става во контрола на Кинг Конг во потрага по одмазда додека се обидувате да станете господар на Островот на черепот“.
Тие секако добија публицитет, иако не веруваме дека токму тоа го посакуваа. Играта веќе стана вирална, но како фијаско.
I take back every bad thing I said about Godzilla PS4.@GameMillEnt King Kong deserves better than whatever this is supposed to be. pic.twitter.com/bDoHfEnH0g
— Rick (@RickDaSquirrel) October 16, 2023
На социјалните мрежи масовно се објавуваат негативни коментари, а еден твит дури покажува сцена која изгледа како да е објавена пред неколку децении, а е прегледана повеќе од седум милиони пати.