Компанијата Sony соопшти одредени информации за компатибилноста на претстојната конзола PlayStation 5.

Sony потврди дека PS5 ќе поддржува поголем дел од постоечките игри наменети за се уште актуелната конзола PS4, а кои ги има повеќе од 4.000. Еден од официјалните лица на Sony, Марк Черни истакна дека PS5 ќе може да ги покрене „речиси сите“ од Топ 100 листата на PS4 игри.

Додаде дека постарите игри подобро ќе работат на овој систем.

„Очекуваме дека игрите ќе бидат подобри благодарение на постабилните фрејмови и повисоката резлуција. Моментно ги анализираме игрите за да ги воочиме евентуалните проблеми и да извршиме прилагодување. Веќе извршивме стотина тестови и подготвени сме тоа истото да го направиме со илјадниците наслови, додека се шроближуваме до претставувањето на PlayStation 5“, истакна Черни.

Некои фанови беа загрижени дека PS5 нема да го име истото ниво на компатибилност како претстојната конзола на Microsoft, Xbox Series X, поради што се води дебата која конзола да се избере. Microsoft засега е во предност пред Sony.

Sony ќе ја овозможи омпатибилноста преку својот PlayStation Now cloud гејминг сервис.