Најмладата кинеска екипа астронаути досега се упати кон кинеската вселенска станица отворајќи го патот за новата генерација „тајконаути“ да ги исполнат амбициите на својата земја за истражување на вселената.
Вселенското летало „Шенжу-17“ или „Божествен брод“ полета со ракета „Лонг-Марч-2Ф“, која превезуваше тројца патници од Центарот за лансирање сателити „Јиукван“ во северозападна Кина.
Шестмесечната мисија ја предводи поранешниот пилот на воздухопловните сили, Танг Хонгбо (48), кој беше дел од првиот екипаж на вселенската станица во 2021 година. Неговото враќање во орбитирачката станица „Тијангонг“, „Небеската палата“, исто така поставува нов рекорд за најкраткиот интервал помеѓу две мисии на „тајконаути“, термин измислен од кинески зборови за вселената.
China’s Shenzhou-17 launch in 60 seconds #SpaceChina pic.twitter.com/cAqprIWWxx
— CGTN (@CGTNOfficial) October 26, 2023
Оваа мисија е предзнак за побрза ротација на кинеските астронаути во иднина. Заедно со Танг, 33-годишниот Танг Шенџие и 35-годишниот Џијанг Ксинлин првпат полетаа во вселената. Кина го почна и процесот на селекција на четвртата група астронаути.
Од кандидатите се бара да имаат завршено докторски студии во научни дисциплини, од физика, биологија и хемија до биомедицинско инженерство и астрономија. Апликантите од Хонг Конг и Макао исто така може да аплицираат првпат. Првите две групи „тајконаути“ беа сите поранешни пилоти на воздухопловните сили, кои ѝ се приклучија на Народноослободителната армија во 1995 година на 20-годишна возраст.
Поврзани артикли