Многу корисници на платформата Фејсбук пријавија проблеми.
Популарната социјална мрежа денеска во попладневните часови падна, судејќи според коментарите на интернет.
На веб-страницата Down Detector, повеќе од 2.000 луѓе пријавиле дека нивниот Фејсбук не работи правилно, а проблемите изгледа почнале околу 18 часот.
Најчесто корисниците се жалеа дека не можат ништо да објават на оваа социјална мрежа. Компанијата Мета не се огласи, но околу 19 часот почнаа да пристигнуваат коментари дека проблемот исчезнал.