Популарниот гејмер Нинџа (вистинско име Тајлер Блевинс) се уште има армија лојални гледачи со кои често влегува во вербални конфликти.

Иако најчесто игра Fortnite, Нинџа неодамна најмногу го нервираат фановите на серијалот Call of Duty.

За време на неодамнешниот пренос, публиката постојано го спомнуваше новиот Call of Duty: Modern Warfare III во разговорот. Но, беше јасно дека не е задоволен од тоа, па во еден момент не издржа повеќе и почна да ги навредува оние што играат CoD, велејќи дека се „одвратни“.

„Предвидувам дека новиот CoD ќе биде полн со грешки кога ќе излезе и ќе им требаат месеци да го поправат“, започна Нинџа.

„Сепак, шутерскиот дел ќе биде во ред, а вие одвратните, ментално малтретираните играчи ќе паднете на тоа. Ќе играте CoD и ќе ги браните. Ќе поминат осум месеци и повеќе нема да има база на фанови – ќе играте што било друго“, додаде тој.

„Потоа ќе излезе нов трејлер за следниот дел од CoD и ќе им кажете на сите да го гледаат“, заклучи Нинџа.