Како што наближува јануари, така се повеќе и повеќе инсајдерски информации за новата серија Samsung Galaxy S24.
Најновите извештаи сугерираат дека барем некои од Galaxy S24 би можеле да имаат куќиште од титаниум.
Како што објави познатиот инсајдер Revegnus на платформата Twitter, јужнокорејскиот технолошки гигант планира да користи титаниум за каросеријата на серијата Galaxy S24.
Неговите информации велат дека сите три телефони – S24, S24+ и S24 Ultra би можеле да пристигнат со титаниумско куќиште, слично на серијата Apple iPhone 15, иако „јаболкото“ нуди титаниум само во поскапите модели Pro.
The Galaxy S24, S24+, and S24 Ultra all have titanium frames.
— Revegnus (@Tech_Reve) October 5, 2023
Друг инсајдер, Ice Universe, сепак, му одговори на Revegnus дека само Galaxy S24 Ultra ќе има титаниумска рамка.
Доколку се случи некои од новите модели на Galaxy S24 навистина да имаат титаниумско куќиште, тоа ќе значи дека се полесни од нивните претходници, што беше токму логиката што ја користеше Apple.
Поврзани артикли