Поминаа шест години од последната видео игра Forza Motorsport, бидејќи креаторите во последно време се фокусираа повеќе на серијата Forza Horizon.
Овој пат, наместо само да го додадат бројот 8 по насловот на новата верзија што излезе на 10 октомври, тие решија едноставно да ја наречат Forza Motorsport.
На овој начин, Turn 10 Studios и Playground Games сакаа да покажат дека акцентот е ставен на самите трки, а не на светот околу нив, пишува веб-страницата Hardcore Gamer, кои ја прегледаа оваа игра една недела пред официјалното претставување.
Како што наведуваат, работата на програмерите за подобрување на физиката кога се гумите во прашање е веднаш забележлива, а играта нуди неколку верзии на симулацијата. Триење, брзина, управување со возилото – сè е понапорно отколку во претходните повторувања на Forza Motorsport.
Се работеше и на реализам кога е во прашање полнењето на резервоарот, што ќе влијае и на брзината со која одат болидите. Сопирањето во кривини ќе зависи од самиот агол под кој тоа се прави, па според тоа возилото ќе се однесува поинаку.
Температурата и притисокот во гумите се фактори кои исто така влијаат на возењето и можат да ви дадат предност пред противниците или да ве „стават во минус“.
Серијалот Forza веќе некое време има помош од Drivatar AI, а сега е применето машинско учење, така што има тежини во трката од 1 до 8, а највисокото ниво се смета за „непобедливо“.
Сè уште постои Single Player Career режим, како и Builders Cup Career Mode. Иако играта не бара интернет конекција за играње, искуството е целосно само кога ќе се додаде Builder Cup.
Сè на сè, интересно е да се види новата игра на Forza Motorsport после толку години, а судејќи според оваа рецензија, нема да не изневери.