Петок 13 на многумина им е познат како „баксузен ден“, но претстојниот би можел да остане убав спомен за Microsoft.
Набрзо, би требало да дознаеме дали Microsoft ќе добие одобрение од регулаторите во Британија за преземање на Activision Blizzard и неговите франшизи.
Ако тоа се случи, всушност, Microsoft се надева дека договорот ќе биде заклучен кон крајот на неделата, во петок на 13-ти.
Оваа набавка вредна 68,7 милијарди долари беше блокирана само во Велика Британија, а по ваквата одлука на регулаторот почнаа дополнителни преговори.
Сега, како што известува The Verge, работите се чини дека се решени, а плановите на Microsoft вклучуваат продажба на правата за стриминг на игрите на Activision Blizzard на трета страна – Ubisoft.
Овој процес траеше подолго од очекуваното, бидејќи преземањето беше најавено на почетокот на 2022 година, а рокот до кој се требаше да биде завршено веќе еднаш беше пробиен.
Поврзани артикли