Како и претходните верзии на телефонот FE, серијата Galaxy S23 FE е дизајнирана да ја освежи тековната серија на премиум телефони, пред серијата Galaxy S24 да стапи на сцена на почетокот на 2024 година.

Galaxy S23 FE нуди премиум искуство, но со малку пониски спецификации во споредба со серијата S23.

Телефонот има 6,4-инчен Dynamic AMOLED 2X екран и се напојува со минатогодишниот чипсет Snapdragon 8 Gen 1. За жал, само во Соединетите Американски Држави. Моделот со процесор Exynos 2200 е наменет за Европа.

Без разлика на чипсетот, на корисниците ќе им бидат достапни 8 GB RAM и простор за складирање до 256 GB.

Во сегментот на камерата, S23 FE има главен сензор од 50 MP на задната страна, комбиниран со телефото објектив од 8 MP и ултра широк сензор од 12 MP. На предната страна има селфи камера од 10 MP.

Сè се напојува од батерија со капацитет од 4500 mAh, со поддршка за брзо полнење од 25 W, а поддржано е и безжично полнење. Има и IP68 сертификат за заштита од вода и прашина.

Samsung Galaxy S23 FE се продава во САД по цена од 599 долари, додека цената за Европа се уште не е позната.