Nokia се здружи со германската компанија i.safe за да објави два нови мобилни телефони.

Овие телефони, означени како Nokia HHRA501x и Nokia IS540.1, се наменети да се користат во индустриски средини. Се разбира, тие поминаа строги стандарди и ригорозни тестирања на издржливост, па затоа имаат оценки IP68 и MIL-810H.

Nokia вели дека телефоните може безбедно да се користат во области со висок ризик од експлозии, како и во области со помал ризик.

Исто така, компанијата соопшти дека телефоните ги поддржуваат сите потребни функции кои често се користат и дека ги имаат добиено сите потребни сертификати, па затоа се „погодни за употреба од светски компании“, пишува Gizchina.

Мобилниот телефон Nokia IS540.1 е опремен со 6-инчен екран и е заштитен со Corning Gorilla 3 стакло. Има Qualcomm осум-јадрен QCM6490 процесор, а неговите перформанси се блиски до оние на Snapdragon 778.

Уредот доаѓа и со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија. Има камера од 48 мегапиксели со автофокус и предна камера од 5 мегапиксели, како и батерија од 4400 mAh.