Популарните интернет прелистувачи, Chrome, Firefox, Edge и Brave, добија големи ажурирања, кои поправаат критична ранливост во нив.
Google, Mozilla, Microsoft и Brave објавија итни ажурирања за нивните интернет прелистувачи Chrome, Firefox, Edge и Brave, како и за прелистувачот Tor.
На корисниците им се препорачува да го инсталираат ова ажурирање доколку користат некој од овие прелистувачи, бидејќи ги поправа критичните безбедносни пропусти. Откриено е дека пропустите им овозможуваат на напаѓачите да добијат неовластен пристап или да активираат злонамерен код на компјутерите на корисниците.
Покрај загрозената безбедност на интернет прелистувачот, ранливоста е поврзана и со кодот што се користи за прикажување на WebP слики, формат што е широко дистрибуиран на интернет.
Сајтот Stack Diary посочува дека се изложени на ризик апликациите како Telegram, Affinity, Gimp, Signal, Honeyview, LibreOffice, како и бројни Android апликации за прикажување слики.
На корисниците им се препорачува да ги ажурираат своите интернет прелистувачи на најновите верзии, за да се заштитат од можни злонамерни дејства и напади.
Поврзани артикли