Huawei Watch GT 4 им носи на корисниците подобрени дизајнерски карактеристики со моќни функции за здравје и фитнес.
Паметниот часовник доаѓа во две варијанти – моделот со дијаметар од 46 mm има уникатен октагонален дизајн и нуди силен и робустен изглед, додека варијантата со дијаметар од 41 mm има софистицирана елеганција која потсетува на парчиња накит.
Моделот од 41 мм има AMOLED дисплеј од 1,32 инчи и батерија од 323 mAh, додека поголемиот модел од 46 мм има AMOLED дисплеј од 1,43 инчи и батерија од 524 mAh.
Најновиот гаџет за носење на Huawei има напредна технологија за следење на отчукувањата на срцето, а опремен е и со технологија TruSleep 3.0, која на корисниците им овозможува точен увид во квалитетот на спиењето. Доаѓа со надградена технологија TruSeen 5.5+, која претставува нов пакет сензори и алгоритми за попрецизно и детално следење на здравјето.
Часовникот го трансформира и искуството за тренирање преку апликацијата Stay Fit, Activity Ring и исклучително прецизен систем за сателитска навигација. Исто така, со преку 100 спортски режими, физичката активност е достапна за секого. Huawei Watch GT 4 е првиот паметен часовник на Huawei што е опремен со апликацијата Stay Fit за паметно следење калории.
Корисничкото искуство е подобрено со опции за брзи пораки и одговори, како и можност за преземање апликации од трети страни за музика, навигација и слично.
Изгледот на часовникот може да се прилагоди, а Huawei понуди голем број на опции, во согласност со стилот на корисникот. Екранот има функција Always On, додека технологијата TruSeen 5.5+ го следи отчукувањата на срцето, квалитетот на спиењето, кислородот во крвта, чекорите и потрошените калории, како и менструалниот циклус.
Посебна карактеристика е батеријата, чиј капацитет обезбедува оптимално функционирање до две недели, што им овозможува на корисниците постојано да бидат во тек со своето здравје.