Компанијата избра да се фокусира на AR софтверот во иднина.

Google го затвори проектот, кој внатрешно беше познат како „Iris“ и беше лансиран за создавање очила за проширена реалност (augmented reality – AR), пренесува Business Insider.

Технолошкиот гигант работи на развојот на очилата веќе неколку години, но наводно го запре развојот на „Iris“ по бројните отпуштања и реорганизација во компанијата во претходните месеци.

Друга важна причина што доведе до оваа одлука на Google е заминувањето на Клеј Бавор од компанијата, поранешниот шеф на AR и VR.

Покрај тоа, Google постојано ја менуваше својата стратегија за очилата Iris, што беше извор на фрустрација за членовите на тимот кои работеа на проектот.

Информациите, што беа достапни во претходните години, сугерираат дека Google би можел да го пушти овој уред со AR во 2024 година. Очилата Iris Ar требаше да изгледаат како пар класични очила.

Иако компанијата престана да работи на својот AR хардвер, се посочува дека Google не се откажува од своите AR амбиции. Наместо хардвер, Google одлучи да се фокусира на создавање на екосистем „Android for AR“.

Планот на Google е да го примени истиот бизнис модел што го користи за своите мобилни платформи и да го лиценцира својот софтвер за AR на производителите.