Не делат неколку часа од официјалното претставување на серијата iPhone 15, а уште сега дознавме некои детали и потврда за карактеристиките на новите уреди.

Овој пат во главна улога е Spigen, производителот на додатоци и заштитни футроли. Компанијата објави интересна фотографија на X платформата, која укажува на нешто ново и поинакво.

Тоа е Action Button, кое може да се конфигурира и за кое се шпекулираше и претходно. Копчето е видливо под куќиштето Spigen, а ќе го замени прекинувачот за „mute“ што досега беше на тоа место.

Сепак, се сугерира дека само моделите iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max ќе го добијат гореспоменатото Action Button, а не стандардниот iPhone 15. Слично на функцијата Dynamic Island кај минатогодишните модели.

Apple вечерва од 19 часот ќе го одржи својот настан на кој ќе ја претстави серијата iPhone 15.