Тајната како денес да се биде оригинален и препознатлив не лежи во брендираната облека и купување (по)скапи работи, туку точно да се знае што да се одбере за да се истакне уникатен стил.

А токму уникатноста е „врежана“ во новите уреди од серијата Galaxy која Samsung неодамна ја лансираше. Најдобриот пат кон вистинската оригиналност е исполнет со внимание кон деталите, за кои малку е потребно да бидат полн погодок. Последниот стилски полн погодок на Samsung е телефонот на преклоп Galaxy Z Flip5 кој во ниту една прилика не може да помине незабележан од околината секој пат кога ќе го извадиш на маса или кога зборуваш на него. Прво, кога тој е преклопен големината е скоро колку половина од твојата дланка, а при тоа воопшто немаш потреба да го отвораш за да одговараш или остваруваш повици, листаш контакти, читаш, куцаш и праќаш пораки, отвараш апликации, гледаш повеќе виџети и да одбереш еден, и секако кога ја користиш камерата за предробри селфи фотки или видео кол. Сето ова е благодарение на најголемиот наворешен екран на Флип телефон досега, наречен Flex Window, за кој на располагање ти стојат толку многу разновидни дизајни за позадини, што тешко ќе ти биде да се одлучиш за една.

Понатаму  – префинетиот изглед на Galaxy Z Flip5 доаѓа во комбинација со една од несекојдневните бои на ментол зелена, лаванда, графитна или крем што го прави неодоливо привлечен и зборува за твојот истенчен вкус. Иновативниот дизајн на овој телефон е заслужен за неговиот ептет „џебен телефон“ (pocketable), бидејќи можеш да го вметнете во најмалиот џеб од твојот аутфит и воопшто да не ти пречи. Зарем не сакаш да имаш таква опција? А со камерите на Galaxy Z Flip5 ќе можеш чуда правиш: селфи без раце, да фаќаш кадри од невозможни агли и да ги користиш сите камери без разлика дали телефонот е отворен или затворен и при тоа да заборавиш на матни слики бидејќи дури и во ноќта благодарение на 4K Nightography твоите слики ќе бидат јасни и остри.  Кога ќе ја сликаш твојата банда, со помош на Dual Preview тие ќе можат да се гледаат на екранот Flex Window, каде што можат да направат прилагодувања во реално време за совршени снимки. А оние, најоткачените фотки во движење ќе ти станат најомилени благодарение на Super Steady стабилизацијата на камерата, додека со Auto Framing, никој нема да биде исклучен од фотографијата.

Со Galaxy Z Flip5 ќе бидеш единствен/а што снима клипчиња со телефонот поставен полуотворен во форма на шатор, со кои ќе доловуваш најнеобични агли и перспективи. Само ќе го поставиш телефонот наопаку, , и забавата нека почне!

Но, задоволството и уникатноста на Galaxy Z Flip5 не завршуваат тука, туку јапродолжуваат приказната за твојата оригиналност и со твојот часовник Galaxy Watch6. Штом ги поврзеш овие два уреда, тие нема да оформат само една совршена синергија, туку ќе можеш и естетски да ги истакнеш до таа мерка што тоа многу повеќе ќе зборува и за твојот личен оригинален стил.

Со исти или одговарачки позадини, разновидни графики, фонтови – на ред е твојата креативност да го покаже она што го знае! А придобивките од паметниот часовник на твојот зглоб најмалку се отсликуваат во тоа што основните функции на телефонот сега ќе можеш да ги правиш од часовникот, а најмногу во остварување на зададените цели во врска со твоето здравје. Galaxy Watch6 ќе ти помогне да спиеш поквалитетно, ќе биде твој спортски тренер, ќе ти ги прикажува отчукувањата на срцето и ќе претставува твој личен асистент кој ќе може да ти помогне во остварување и одржување на здравствената благосостојба. Бонус фан факт: од зглобот ќе можеш да правиш селфи од далечина!

Повеќе информации за Galaxy Z Flip5 Galaxy Watch6 прочитајте на линковите:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/