Откако Spotify неодамна ги зголеми цените на својот Premium пакет кој наместо 5,99 евра сега е 6,49 евра месечно, се чини дека тие одат понатаму во насока на зголемување на приходите.
Кога Spotify ја воведе опцијата за прикажување на текстот на песната во 2021 година, корисниците беа воодушевени. Функцијата беше достапна за корисниците на сите верзии на апликацијата, онаа со претплата и бесплатната.
Затоа, не е чудно што сега постои отворено незадоволство од евентуалното ускратување на оваа функција.
Најавата е уште еден обид да се претвори зголемениот број на корисници, и покрај тоа што Spotify сè уште се бори со намален раст на приходите, во Premium корисници.
Blud now they even added lyrics to premium?
byu/Cyan_Kushal intruespotify
Сепак, директорот за односи со јавноста Си Џеј Стенли изјави за The Verge дека ова е рутинско тестирање за голем број корисници на одредени пазари.
Корисниците кои забележаа во последните неколку дена дека кога слушаат музика наместо текст на песна, гледаат порака дека истата може да се користи само со претплата на Spotify Premium, се уште се загрижени од страв дека би можеле да останат без важна функција за нив.
Поврзани артикли