Индискиот лунарен ровер „Прагјан“, кој со вселенското летало беше доставен на Месечината како дел од мисијата „Чандрајан-3“, ги испрати на Земјата првите научни податоци кои ги менуваат идеите за јужниот пол на Месечината. Измерена е температура од 70 степени целзиусови, додека досега се мислеше дека е помеѓу 20 и 30 степени, соопшти Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО).
Индиската организација за вселенски истражувања наведе на платформата X (Твитер) дека температурата на горниот почвен слој на Месечината околу јужниот пол се мери за да се разбере термичкото однесување на површината на сателитот.
Chandrayaan-3 Mission:
Here are the first observations from the ChaSTE payload onboard Vikram Lander.ChaSTE (Chandra's Surface Thermophysical Experiment) measures the temperature profile of the lunar topsoil around the pole, to understand the thermal behaviour of the moon's… pic.twitter.com/VZ1cjWHTnd
— ISRO (@isro) August 27, 2023
Како што е наведено, роверот е опремен со температурна сонда со механизам што може да ја мери температурата на лунарната почва до длабочина од 10 сантиметри.
Официјалниот претставник на ИСРО, Би Дарукеш рече дека резултатите биле изненадување за експертите, пренесе ТАСС.
Роверот ќе собира податоци најмалку 14 земјини денови.
Според индиските научници, делови од карпи се пронајдени во областа на јужниот пол на Месечината, што може да помогне во проучувањето на формирањето на Месечината.
Покрај тоа, експедицијата треба да ја продолжи индиската мисија „Чандрајаан-1“ во потрагата по вода на Месечината. Добиените податоци сугерираат дека во некои кратери има замрзната вода. Доколку се најде мраз, научниците ќе имаат единствена можност да ја анализираат и разберат историјата на водата во Сончевиот систем.
Индиско вселенско летало слета во близина на јужниот пол на Месечината минатата среда.
Индија стана четвртата земја во светот која успешно слета на Месечината – по СССР, САД и Кина. Индија е првата земја чие летало меко слета на Јужниот пол на Месечината.