Аналитичката компанија Similarweb објави податоци кои укажуваат на огромен пад на бројот на корисници на социјалната мрежа Threads.
Податоците покажуваат дека бројот на активни Андроид корисници на апликацијата Threads паднал на 10,3 милиони до 7 август, додека за време на нејзиниот врв на 7 јули имала 49,3 милиони корисници.
Претходно овој месец, Gizmodo и CNN ги наведоа податоците од Similarweb кога исто така објавија за падот на Threads.
Дали падот ќе продолжи или Threads ќе закрепне останува да се види, но извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг останува оптимист, барем пред инвеститорите.
Едно е сигурно, откако Threads направи огромен „бум“ и за само неколку дена доби милиони корисници, многу брзо почна да ги губи.
Растот продолжи бидејќи корисниците проверуваа што има да понуди социјалната мрежа и кој друг се пријавил, но после тоа интересот нагло опадна.
Поврзани артикли