Забраната е привремено прашање во сегашната фаза на промена на брендот на Twitter.
Очигледно, процесот на промена на брендот на Твитер во Х, кој Елон Маск го спроведува веќе неколку дена, не оди баш според планот.
Индонезија привремено го блокираше доменот X.com поради законите во земјата, кои забрануваат коцкање и порнографија.
Elon Musk's https://t.co/nPgnOBwoFM Website Blocked in Indonesia due to Pornographic Content.
Elon Musk's plan to rename Twitter as X has hit a roadblock as the newly activated https://t.co/nPgnOBwoFM domain has been temporarily blocked in Indonesia
— Technology Updates (@DIYprojects55) July 27, 2023
Сепак, официјалните лица не веруваат дека планот за ребрендирање ќе се распадне. Поточно, проблемот настанал затоа што претходните сопственици на доменот ги прекршиле законите за сопственост на споменатата земја. Со други зборови, X не провери дали претходниот сопственик прекршил правила што би можеле да доведат до национална забрана.
Се верува дека забраната нема да трае долго. Од Индонезија пристигнуваат извештаи дека X веќе стапил во контакт со властите и испраќа документација дека Твитер ја презема сопственоста на доменот X.com. Значи се е во доменот на формалноста.
Во секој случај, овој инцидент е уште еден показател дека преминот од Twitter на X не бил добро испланиран. Мета, Мајкрософт и голем број други компании веќе ја поседуваат трговската марка X, што потенцијално укажува на голем број можни судски битки.