Паметни телефони, компјутери, слушалки и бројни други технички уреди може да се поврзат преку Bluetooth конекција. За да ја активирате функцијата, обично е доволно да кликнете на добро познатиот симбол што наликува на буквата „Б“. Но, што всушност значи тој симбол?
Денес, скоро сите користат Bluetooth конекција. Дали за поврзување паметен телефон со Bluetooth слушалки, за користење безжичен глушец и тастатура во канцеларија или за испраќање фотографии и видеа на пријатели во близина. Но, што навистина се крие зад тоа?
Во потесна смисла, терминот „Bluetooth“ се однесува на размена на информации преку радио бранови на кратки растојанија. Тоа значи дека мобилните телефони, лаптопите и сличните уреди опремени со Bluetooth можат да се поврзат еден со друг без кабел за податоци и да репродуцираат каква било содржина или да ја испраќаат на други.
Без разлика на кој производител гледате, знакот за оваа врска е секогаш ист: тој е син со знак што наликува на искривена буква „Б“.
Всушност, знакот Bluetooth е руна од 10 век. Во тоа време, денешна Данска била управувана од викиншкиот крал по име Харалд „Блутут“ Блатанд, кој бил првиот што обединил бројни викиншки племиња во големото данско кралство под една круна.
Пронаоѓачите на Bluetooth конекцијата наишле на оваа приказна, па како знак ги зеле иницијалите „H“ и „B“ на кралот Харалад, но напишани со скандинавски рунски знаци.
Истражувачите сè уште не се согласуваат околу тоа зошто Харалд на прво место го добил прекарот „Bluetooth“. Меѓу другото, постои теорија дека тој сакал да јаде боровинки, па забите речиси секогаш му биле сини.