Судејќи според новите гласини, изгледа дека Samsung Galaxy S24 Ultra и Galaxy S24+ ќе користат „наредена“ батерија, која би требало да овозможи поддршка за полнење од 65 W преку кабел.
Додека конкурентите нудат вртоглави брзини на полнење на нивните врвни модели, најмоќните телефони на Samsung од 2019 година имаат поддршка за полнење од 45 W преку кабел.
Од една страна, има корисници кои ја поздравуваат оваа одлука, посочувајќи дека со неа се зачувува здравјето на батеријата, а од друга страна, има и такви кои сметаат дека е неприфатливо да се нуди полнење од 45W на телефони над 1000 евра.
1/3
Stacked battery is on track, but limitedMost likely only for 24U & 24+
or just 24Umeanwhile,
apple used it on entire iP15 lineup24U & 24+ have “rated” 5000 MaH
But 24U stacked structure is different
to make it cooler, they applied cooling gel. for 65W & stability https://t.co/8khM2oAToc— RGcloudS (@RGcloudS) July 12, 2023
Во секој случај, изгледа дека и тоа ќе се промени. Имено, според информациите објавени на Twitter од свиркачот RGcloudS, претстојниот Galaxy S24 Ultra и потенцијално Galaxy S24+ ќе користат таканаречена модуларна/наредена батерија, односно технологија што ја имаат електричните возила, која овозможува поддршка за побрзо полнење.
Се вели дека телефоните на Samsung со таа батерија поддржуваат полнење од 65 W преку кабел, што нема да биде најбрзо на пазарот, но сепак ќе биде подобро од она што е моментално.
Поврзани артикли