Илон Маск, сопственикот на компанијата Твитер, објави на оваа социјална мрежа дека Твитер воспоставил привремено ограничување на бројот на твитови што корисниците можат да ги читаат дневно.

Според објавата, корисниците на неверифицирани сметки можат да читаат до 600 твитови дневно, додека новите неверифицирани корисници можат да прочитаат само 300 твитови.

Меѓутоа, ако зборуваме за корисници од верифицирани профили, поставен е лимит до 6.000 твитови дневно.