Досега се огласиле 2.225 корисници.
Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со Твитер.
Пријавено до 14:20 часот, 2.225 корисници пријавиле на веб-страницата на downdetector дека имале одредени потешкотии при пристапот до социјалната мрежа.
Најмногу проблеми се пријавени во врска со пристапот преку веб (67%), потоа апликацијата (23%) и фидот (10%).
Реагирајќи на проблемите, еден корисник на социјалните мрежи напиша: „Дали Твитер падна?“, додека друг напиша: „Твитер не работи или нешто не е во ред со мојот профил?“.
Корисниците почнаа да пријавуваат проблеми во последните два часа.
А сепак, по краток прекин, поточно, по половина час корисниците повторно можеа да пристапат на мрежата.
Меѓутоа, Твитер повторно падна. Причината за проблемот се уште не е позната.
Поврзани артикли