Апликацијата WhatsApp ќе додаде опција како на Twitter, корисниците ќе можат да следат сметки кои не се во нивните приватни контакти, објави „Скај њуз“.
Новата опција ќе биде во делот „ажурирања“, одвоена од приватните разговори и ќе изгледа слично на вестите на другите платформи на социјалните медиуми.
Наместо да додаваат контакт по телефонски број, корисниците ќе можат да бараат поединци или организации што сакаат да ги следат, вклучувајќи спортски тимови, владини претставници, сметки посветени на хоби и разни интереси.
Сопствениците на сметки кои имаат свои „канали“ исто така ќе можат да поканат луѓе користејќи директни врски.
Сопственикот на WhatsApp, Мета, рече дека шампионот во Премиер лигата, Манчестер Сити и Светската здравствена организација се меѓу првите што се пријавиле за оваа опција и секој ќе може да се приклучи на нивните канали.