Познатиот оперативен систем можеби е „мртов“ за Microsoft, но сепак живее во срцата (но и компјутерите) на многу корисници.
Алгоритмот за активирање на оперативниот систем Windows XP конечно е целосно пробиен, овозможувајќи целосно офлајн активирање.
Програмата што го овозможува ова, наводно, постои веќе неколку месеци, а поопширна дискусија е достапна во оваа тема на Reddit.
Кога станува збор за лицето кое го креирало софтверот, засега никој нема информации за кого станува збор. Лицето кое прво го објави истакнува дека доаѓа од торент, некаде на веб.
Дополнително на ова, корисник со име Neo-Desktop истакна дека работи на креирање на верзија со отворен код на овој софтвер.
Microsoft ја прекина поддршката за Windows XP пред повеќе од девет години, но и покрај тоа, оперативниот систем одбива да замре.
Во некои земји, Windows XP е сè уште многу популарен, па во Ерменија во 2021 година го задржа статусот на најпопуларен оперативен систем.
Поврзани артикли