Корисниците на серијата Google Pixel 6 се соочуваа со различни проблеми. Се очекуваше дека серијата Pixel 7 нема да донесе проблеми, но тоа не се случи.
Корисниците на серијата телефони Pixel 7 се соочуваат со проблеми, иако во помала мера од корисниците на телефоните Pixel 6. Во секој случај, корисниците од двете серии неодамна почнаа да пријавуваат нови проблеми.
Најновите проблеми што се појавуваат на сериите телефони Pixel 6 и Pixel 7 се поврзани со брзо трошење на батеријата и прегревање на уредот.
Во минатото, корисниците ги пријавуваа овие проблеми на Reddit, Twitter и форумот за поддршка на Google, а со нив се соочуваат сè поголем број корисници.
Според извештајот на Engadget, некои корисници веруваат дека овие проблеми почнале да се појавуваат по ажурирањето на Google апликацијата што Google ja испрати на 12 мај. Враќање на старата верзија на апликацијата само малку ги ублажи овие проблеми.
Некои корисници се обидоа да ги ресетираат телефоните на фабрички поставки и повторно да инсталираат апликации, но тоа не ги реши нивните проблеми, што доведе до загриженост за потенцијално оштетување на батеријата и процесорот.
Корисниците кои бараа помош директно од Google наидоа на ограничена поддршка, а некои забележаа дека имале долги и некорисни разговори со персоналот за поддршка. Иако се чини дека американската компанија е свесна за проблемот, се уште не дала никакво решение или објаснување.
Сепак, некои корисници споменуваат дека можеби станува збор за проблем од страната на серверот, што сугерира дека одредени интеракции на серверот или активности поврзани со интернет што извршуваат апликации може да предизвикаат трошење на батеријата. Во секој случај се очекува Google да се огласи за овие прашања што е можно поскоро.
Поврзани артикли