Јутјуберот Mangy_Dog го создаде Tricorder од Star Trek, кој има анимиран екран на допир, LED осветлување и копчиња кои можат да се користат за активирање на различни звучни ефекти.

Фановите на „Ѕвездени патеки“ барем еднаш помислиле дека сакаат да имаат Tricorder. За оние кои не се сеќаваат добро, или можеби едноставно не знаат, тоа е повеќенаменски рачен уред понуден од Starfleet кој може да извршува три функции – да ја скенира околината, да снима податоци и да ја анализира.

Иако репликите можат да се најдат на интернет, тие, искрено, не функционираат многу добро. За ова бил свесен и јутјуберот Mangy_Dog, кој решил да направи свој Tricorder со анимиран екран на допир, LED осветлување, различни копчиња и карактеристични звучни ефекти. Неодамна објави видео во кое објаснува како функционира целиот уред.

Имено, видеото, меѓу другото, покажува како со притискање на копчињата се активираат различни звучни ефекти, во зависност од тоа колку долго се држат. Анимираниот екран прикажува различни дијагностички податоци, исто како во серијата, а неговата осветленост може да се намали или зголеми, во зависност од желбите на корисникот.

Сè на сè, тоа е навистина импресивна креација на овој јутјубер, која ја препознаа и другите фанови на Star Trek на социјалните мрежи.