Според информациите објавени на Twitter од дојавувачот Revegnus, Exynos 2400 ќе се најде во сите модели од серијата Galaxy S24 во Европа и Југоисточна Азија.
До претставувањето на серијата Galaxy S23, водечките паметни телефони на Samsung користеа Exynos или Snapdragon на компанијата, во зависност од регионот.
Додека Exynos на хартија изгледаше како конкурент на SoC на Qualcomm, во реалноста не беше така. Европските корисници често се жалеа на пад на перформансите поради прекумерното прегревање на телефонот и лошата автономија.
Oh…my.
Southeast Asia is also getting the Exynos 2400 in the S24. Not a Snapdragon. pic.twitter.com/xXGfTRpchJ— Revegnus (@Tech_Reve) May 8, 2023
Имајќи го тоа на ум, не е ни чудо што серијата Galaxy S23 е хит кај европските корисници. Snapdragon 8 Gen 2 носи одлични перформанси и добра автономија, а речиси и да нема прегревање.
Но, според информациите објавени од реномираниот дојавувач на Twitter, Revegnus, Samsung ќе го врати „озлогласениот“ процесор Exynos во претстојната серија на телефони Galaxy S24.
Имено, Revegnus вели дека моментално неиздадениот Exynos 2400 ќе се најде во моделите Galaxy S24, S24+ и S24 Ultra, кои ќе се продаваат во Европа и Југоисточна Азија. Од друга страна, американскиот пазар, исто како и досега, ќе го добие претстојниот чип Snapdragon 8 Gen 3 на Qualcomm.
Детали за Exynos 2400 чипот сè уште не се многу, но ако ги погледнете протечените информации, тој би требало да има 10 јадра и подобри перформанси од Snapdragon 8 Gen 2 и Apple A16 Bionic чипсетот. Повеќе информации ќе бидат познати во наредните месеци.
Поврзани артикли