Претседателката за глобално рекламирање и партнерства во NBC Universal, Линда Џакарино, е во преговори да стане нов извршен директор на Twitter, дознава WSJ.
Џакарино работи во NBC повеќе од една деценија, каде што беше застапник за изнаоѓање подобри начини за мерење на ефективноста на рекламирањето, според Wall Street Journal.
Таа исто така беше еден од клучните играчи во лансирањето на услугата за стриминг Peacock.
The head of Twitter will be the top manager of NBCUniversal Linda Jaccarino, – The Wall Street Journal with reference to sources.
Jaccarino has been with NBCU since 2011.
During this time, her team of two thousand people earned more than $100 billion in advertising sales.… pic.twitter.com/m6AllXX7P2— Malinda 🇺🇸🇺🇦🇵🇱🇨🇦🇮🇹🇦🇺🇬🇧🇬🇪🇩🇪🇸🇪 (@TreasChest) May 12, 2023
Сопственикот на Твитер, Илон Маск објави дека го нашол вистинскиот кандидат за функцијата извршен директор на оваа социјална мрежа, но не откри за кого станува збор.
Excited to announce that I’ve hired a new CEO for X/Twitter. She will be starting in ~6 weeks!
My role will transition to being exec chair & CTO, overseeing product, software & sysops.
— Elon Musk (@elonmusk) May 11, 2023
„Возбуден сум што можам да објавам дека имаме нов извршен директор на Твитер. Таа започнува за околу шест недели“, напиша Маск на Твитер.
Маск потврди дека ќе ги преземе работните места на „извршен претседател и главен технички директор за надзор на производи, софтвер и системи“, објави Ројтерс.
Поврзани артикли